
Модниот бренд „H & M“ објави фотографија која јавноста ширум светот ја оцени како расистичка. Набргу потоа, модниот бренд се извини за фотографијата објавена во нивниот онлајн каталог на која едно црномурно момче носи блуза со натпис „најкул мајмун во џунглата“.

Фотографијата на која е прикажана облека од новата колекција предизвика бура од гневни пораки на социјалните мрежи, но исто така и во медиумите.
Канадскиот пејач The Weeknd го раскина партнерството со „H & M“ заради оваа блуза, а уште неколкумина помалку познати модели исто така им откажале соработка и побарале раскунување на договорот со оваа модна компанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


