Вчера после полноќ 00,15 часот на ул.„Железничка“ во Штип, неколку маскирани лица првин ја прескокнале оградата, а потоа влегле во стражарската куќичка, каде бил 54-годишниот чувар С.М.(54)
Тие со самолеплива лента му ги врзале рацете, нозете и му ја залепиле устата, по што излегле надвор и од магацински простор и одзеле неколку вреќи полни со бакар и цевки од фрижидери.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.