Поранешниот најдобар тенисер Новак Ѓоковиќ од денеска ќе стане заштитно лице на „лакост“, објави реномираната компанија за облека.
На официјалниот профил на „Лакост“ на „Твитер“ е објавена доста интересна фотографија со јајце, со опис дека во првиот ден од неделата ќе стигне нов „крокодил“, а веќе денеска дека крокодилот е роден!
Договорот на Ѓоковиќ со сегашниот главен спонзор, „Уникло“ завршува на 30 јуни, а сега е повеќе од јасно дека соработката нема да биде продолжена. Засега не е позната сумата што ќе ја добие Ноле од оваа соработка со „Лакост“, но таа сигурно ќе биде поголема од досегашната со „Уникло“, која изнесуваше 9 милиони долари годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.