| четврток, 6 декември 2018 |

Тригодишниот Кристијан од Велес – чита, пишува и решава равенки

Има само три години, а беспрекорно чита, пишува и со задоволство решава математички задачи со троцифрени броеви. Кристијан Арсов од Велес е чудото од дете, кое наместо да игра со колички и со коцки како неговите врсници, чита енциклопедии и се труди да совлада седум странски јазици, пренесува „Канал 5“.

Кристијан Арсов од Велес има само три години. Научил да чита на година и пол, а на две години ги изговарал бројките на 6 светски јазици. Малечкиот генијалец не ги слуша приказните од повозрасните, тој едноставно ги доживува со читање.

Кристијан е најмалиот посетител на курсот за англиски јазик каде соучениците се неколку години постари од него. Без проблем брои на англиски, француски, шпански, италијански, руски, германски, а учи и јапонски. Бројките ги владее беспрекорно и не му претставува никаков напор да собира и вади до неколку стотици.

Видеото погледнете го на Канал 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top