| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија без освоен сет ги заврши квалификациите за СП

Одбојкарската репрезентација на Македонија со денешниот пораз од Словенија со 3-0 (26-24, 25-20, 25-23) ги заврши натпреварите од квалификациската група за СП што се одржа во Србија. И во третиот натпревар избраниците за Жарко Ристоски не успеаа да освојат ниту сет. По првите два пораза од фаворитите Србија и Португалија, нашите репрезентативци не смогнаа сили за да ја израдуваат нашата нација со победа. Иако десеткувани во составот поради неиграњето на некои клучни играчи Македонија одигра во рамките на можностите. Во овој натпревар влегоа растоварени и двете екипи и можеше да се видат одличи акции. Словенците беа посконцетрирани во финишот од секој сет и заслужено победија.
За првото место ќе се борат селекциите на Србија и Португалија кое води на СП првенство оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top