| четврток, 6 декември 2018 |

55 години од кубанската револуција

moving_to_cubaВо пристаништето Сантјаго на Куба, денеска е одбележана 55-годишнината од кубанската револуција, а на собирот претседателот Раул Кастро предупреди дека земјата се соочува со идеолошко и политичко уривање на социјалистичкиот систем, пренесува МИА.

– Светските центри на моќ перфидно ги воведуваат на Куба неолибералниот и неоколонијалниот начин на размислување, посочи Кастро, додавајќи дека тој е убеден оти Куба од таквата ситуација ќе излезе како победник.

Ministry_of_the_Interior_of_Cuba_with_flagКубанскиот претседател одржа говор на истото место на кое неговиот брат и поранешен лидер Фидел Кастро, во 1959 година прогласи победа над диктатурата на Фулгенси Батиста.

Раул Кастро во говорот повтори дека Куба ќе го брани своето право на самоопределување и националниот суверенитети и  нема да се заборави дека социјалистичката револуција била спроведена поради сиромашните граѓани.

Тој посочи дека треба да се вложат напори за усовршување и продлабочување на демократијата на Куба односно народот да се консултира при донесување на сите значајни одлуки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top