| четврток, 6 декември 2018 |

ФИАТ го презема „Крајслер“

Fiat logo

Италијанскиот производител на автомобили ФИАТ привршува со активностите за целосно преземање на американската компанија „Крајслер“ со купување и на преостанатите 41,5 проценти од акциите на концернот.

По преземањето на „Крајслер“, ФИАТ ќе стане седмиот по големина производител на автомобили во светот. Поголемиот дел од акциите на „Крајслер“ италијанската компанија ги купи уште во 2009 година.

Оваа зделка се случува во време на големо реструктуирање на американската автомобилска индустрија по светската финансиска криза од 2009 година.

Додека главниот пазар на ФИАТ е Европа и Латинска Америка, „Крајслер“ е силен на северноамериканскиот пазар. Оваа комбинација му дава на ФИАТ силна позиција како конкурент на „Фолксваген“, „Џенерал моторс“ и на „Форд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top