Преговорите меѓу Штрајкувачите и раководството на фабриката на ФИАТ во Крагуевац, Србија, нема да продолжат а утре во српската влада ќе биде потпишан протокол, пренесуваат српските медиуми.
Официјалната понуда од фабриката на барањата на штрајкувачите вчера бил прифатен од штрајкувачкиот одбор и собранието на самостојни синдикати, а за одлуката денеска ги информирале работниците.
Според синдикатот „Независност“ поголем дел од вработените негодувале заради понудата за зголемување на платите, надокнадата за превоз и бонус за ефикасност иако штрајкувачкиот одбор тоа го смета за успех.
-Има дев групи, најголемата отворено се буни, а другата е разочарана од синдикатот бидејќи ништо не може да се промени и сака да го напушти членството- посочуваат од синдикатот. најмалата група, се додава, педесетина, најмногу членови на собранието на самостојниот синдикат, ја подржуваат понудата од фабриката.
Работниците биле незадоволни од процентот на покачувањето на платата, од 3,15 проценти веднаш и 6,39 проценти догодина, односно од 38.500 на 42.000 динари (околу 21.000 денари).
-Секаде во светот во нивните фабрики платата ја следи потрошувачката корпа која во Србија изнесува околу 70.000 динари- додаваат од синдикатот. Тие оценуваат дека компанијата ги изигрува бидејќи наместо бонус за ефикасност за 2016 година се нуди 13-та плата и тоа прва половина во август, а втората во декември.
Работниците бараа бонус за ефикасност кој би се исплаќал според успешност на работењето во една година и тоа со февруарската плата следната година. Како „глупост“ се оценува и договорот за заедничка комисија која би утврдувала оптеретување на вработените при работа. Нагласуваат дека анализа на работата веќе се прави бидејќи луше само си заминуваат од работа, а последните пет години нема нови работници.
Се бунтуваат и против понуденото плаќање на трошоци за превоз, бидејќи нема јавен сообраќај во Крагуевац за работниците во втора смена, па дуплираните пари за цела автобуска карта не би ги покриле трошоците за такси.
Од синдикатот потврдуваат дека штрајкувачите од штрајкувачкиот фонд ќе добијат по 1.000 динари за секој ден од штрајкувањето.
Преговорите меѓу штрајкувачкиот одбор и ФИАТ почнаа на 19 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.