Синдикатото на металците од Италија и работниците во италијанскиот ФИАТ ги поддржуваат и се солидаризираат со српските работници од ФИАТ (ФЦА) во Крагуевац, изјави националниот координатор за автомобилска индустрија, Микеле де Палма.
И српската влада и работодавачот мораат, едноставно, да прифатат да почнат преговори со работниците. Тие покажаа единство и имаат право да се борат за подобрување на условите за работа и подобри плати- посочи тој.
Де Палма нагласува дека ФИАТ мора да го почитува законот на Србија додавајќи дека најголем проблем е што работодавачот воопшто не сака да разговара со работниците.
Според неговите зборови, кога ФИАТ во Италија не ги почитувал законот, металците заминале на суд, стигнале до Уставниот суд и победиле. Доколку во Крагуевац се почнат разговори, сигурно „се би тргнало напред за двете страни“, додава де Палма.
За италијанскиот синдикат е познато дека постојат разлики во платите меѓу двете земји, па Де Палма смета дека не може конкурентноста на една фирма да се гради само на начин со смалување на платата, туку е потребно градење на нови модели за да се постигне конкурентност на светските пазари.
Претставничката на „ФИАТ автомобили“ за Европа Валентина Орацини вели дека работниците на ФИАТ во цел свет се запознаени со протестот во Крагуевац и потврдила дека работниците имаат право на штрајк и колективни преговори.
Претставниците на синдикатите на Италија најавиле дека за штрајкот во Крагуевац ќе ги информираат работниците во Италија, но и јавноста во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.