| четврток, 6 декември 2018 |

Швеѓанец фатен на граница – во „крајслер“ криел 61 пакет марихуана

Вчеравечер во 21.30 часот на граничниот премин  „Долно Блаце“, при контрола на Т.Б.Л.А. (53) од Кралството Шведска, кој управувал автомобил „крајслер“ со шведски регистарски ознаки, од страна на Царинска испостава Блаце и Екипа на Мобилна царина била извршена детална контрола на возило, при што во посебно направен бункер во патосот на возилото биле пронајдени 61 пакетчиња завиткани со селотејп и алуминиумска фолија со тревкаста материја, најверојатно наркотична дрога марихуана, со тежина од околу 30 кг.

Од страна на Царинската управа странскиот државјанин е задржан за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top