| четврток, 6 декември 2018 |

Прво па машко – првото дете годинава се роди минута по полноќ

bebe
Годината започна со машко дете. Првото бебе се роди една минута по полноќ – јави Здравство24. Дваесетишестгодишната мама Оља Чолакова на Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје роди бебе тешко 3 килограми и 450 грама и долго 50 сантиметри. Ова и е второ дете .

Денеска мајката и бебето ќе бидат посетени од Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. На првороденчето, градоначалникот Трајановски ќе му подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top