По вчерашниот самоубиствен напад на железниката станица во ВОлгоград, утрово нова експлозија го потресе градот. Според руските власти, утринава во експлозија на бомба во тролејбус биле убиени 15 луѓе, а уште најмалку 23 биле повредени.
Истражните органи веќе имаат првични индикации дека и овој пат станува збор за акт на тероризам, веројатно извршен од бомбаш самоубиец.
Руските власти по првиот напад во кој загинаа 17 луѓе а повеќе од 50 беа ранети, соопштија дека е зајакната безбедноста на железничките и автобуски станици, на аеродромите и во други објекти.
Засега никој не ја презеде одговорноста, но руските власти се сомневаат во исламистичките милитанти од Северниот Кавказ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.