Бомбашот самоубиец, кој пред повеќе од два месеци го изврши нападот врз група ирачки војници во градот Мосул, е Британец, кој преминал во Ислам и им се приклучил на џихадистите од групата Исламска држава (ИД), открива британската телевзија „Скај”, повикувајќи се на безбедносни извори во Лондон.
Според „Скај”, терористот Абу Захарија ал Британи (50) пред 15 години се поврзал за радикални исламистички групи и под сомнеж за тероризам околу две години минал во затворот во американската база Гвантанамо на Куба.
Во 2002 година, тој бил уапсен од американски војници во Авганистан и одведен во затвор во Кандахар, од каде потоа бил префрлен во Гвантанамо.
Во 2004 година со уште четворица други британски исламисти бил ослободени и вратен во Велика Британија, откако Американците од него ги „извлекле” сите „потребни и корисни информации”.
По ослободувањето, под притисок на разните хуманитарни групи и организации за човекови права, Ал Британи ја тужеше британската држава, а Судот определил да му бидат исплатени еден милион фунти, како отшетата за „незаконското” задржување во затвор.
Бомбашот од Мосул, чие родено име е Роналд Фидлер, е татко на пет деца и е од околината на Манчестер. Тој по враќањето од Гвантанамо го сменил името во Џамал ал Харит.
Подоцна преку Турција побегнал во Сирија, а од таму во Ирак, каде како припадник на ИД го добил името Абу Захарија и додавката „ал Британи”, што е вообичаена постапка за да се определи од каде потекнува.
Во терористичкиот напад на овој бомбаш самоубиец на 7 декември минатата година врз припадници на ирачката армија во едно село во околината на Мосул, беа убиени десетици војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.