Британската премиерка Тереза Меј изјави дека полицијата и безбедносните служби веќе го знаат идентитетот на осомничениот напаѓач, кој со бомба усмрти 22 лица по концертот во Манчестер арената.
Меј во изјавата пред резиденцијата на Даунинг sтрит, рече дека, сепак, официјалните лица сè уште не се подготвени да го објават идентитетот на напаѓачот.
Според неа, бомбашот сам го извел нападот, но сè уште нема информации дали некој му помагал во подготовките за нападот.
Британската полиција, пак, преку „Твитер“ потврди дека во Јужен Манчестер уаапсиле 23-годишен маж за неговата можна поврзаност со терористичкиот напад.
With regards to last night’s incident at the Manchester arena, we can confirm we have arrested a 23-year-old man in South Manchester.
— G M Police (@gmpolice) May 23, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.