На интернет се појави пропагандна снимка на Исламската држава која што прикажува еден џихадист и неговата реакција откако беше избран за да биде бомбаш-самоубиец.
Двајца борци на Исламската држава најпрвин играа некаква игра, која што веројатно одредуваше кој ќе биде победник, односно кој ќе биде испратен во самоубиствена мисија. Кога беше избран еден од џихадистите, сите скокаа од среќа и започнаа да го прегрнуваат и да му честитаат.
#ISIS fighter celebrates as he wins a guessing game to become the next suicide bomber in sick propaganda video.https://t.co/E36C1tGoyy
— The Baghdad Post (@TheBaghdadPostE) October 21, 2016
Во продолжение на видеото, се гледа како еден автомобил минува низ едно напуштено село, а потоа се прикажува чад од експлозијата. Иако не дали избраниот џихадист е тој што го извел нападот, сепак целта на пропагандното видео е сосема јасна.
Како што пренесуваат британските медиуми, ова е еден од многуте начини на кои што џихадистите се обидуваат да регрутираат нови борци и нови бомбаши-самоубијци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)