| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбашот самоубиец го чекал крајот на концертот за да убие што повеќе луѓе

На четвртата годишница од атентатот на британскиот војник Ли Ригби, бомбаш самоубиец се разнесе на концерт во Манчестер. Загинаа најмалку 22 луѓе. Полицијата потврди дека помеѓу загинатите има и деца. На концертот на Ариана Гранде, главно имало деца и тинејџери. Десетици се ранети, некои од нив и тешко.

Се претпоставува дека напаѓалот намерно го чекал крајот на концертот за луѓето во голем број да почнат да ја напуштаат салата, значи моментот во кој сигурносните мерки биле значително послаби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top