| четврток, 6 декември 2018 |

Најозборувани во 2013

На што сѐ фаќавме сеир изминатата година...

5. Македонскиот бог на сексот Христијан Тодоровски Кико годинава на сите ни го смени погледот кон ринглата. 21-годишниот пејач во едно интервју се пофали за своите незаситни сексуални апетити, како и за неговто богато сексуално искуство.

Потребни беа само 2:27 минути за да стане познат низ цел Македонија. Повеќе…

kiko

4. На Катерина Стојановска ѝ требаше помалку. Манекенката која сака да стане старлета и ги има сите предуслови да стане, ја започна својата сага со Мерилин Монро, Џејмс Дин(т) и Марлон Брандо овој октомври. Ќе ѝ трае вечно. Повеќе…

katerina stojanovska

3. Годинава Били Звер го надмина она своето „македониш“. Популарното интервју на изборот за песна на Евровизија падна во вода откако Македонија, а посебно македонскта „Твитер“ сфера, дозна дека 26-годишниот рапер Илија Делов а.к.а Били Звер се жени со 10 години помладата и малолетна девојка.

Неколку месеци по свадбата, тие станаа родители на малата Весна. Повеќе…

bili dzver

2. Кога сме кај родители и свадби, и годинава еден човек го има приматот. Некогаш најдобриот македонски пливач Александар Маленко пред точно една година по четврти пат заплива во брачните води. Овој јули пак, го доби и своето четврто дете. Повеќе…

aleksandar-malenko-

1. Сања Ристеска засени сѐ останато. И овој феномен преку ноќ стана најозборуваното нешто во земјата. Да имаше избори, може и нив ќе ги надминеше. „Ме заболе“ – песна чии стихови како „одоздола, па нагоре“ и „раке-пуке, раке-шлаке“ (за жал) уште долго ќе ни живееат во секојневниот говор. Повеќе…

sanja

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top