Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Хорхе Меродио или попознат како Коке, ќе биде првото зимско засилување за Манчестер јунајтед. За сума од 36 милиони евра 21-годишниот Шпанец ќе се пресели на „Олд Трафорд“, иако на трансферот, што е договорен синоќа, се спротивставил тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.
Коке игра одлично за „јорганџиите“ во континуитет, а во првиот дел од сезоната постигна 3 гола за Атлетико, со уште неколку извонредни асистенции. Тој ги мина сите младински селекции на Шпанија и има медали од големите натпреварувања во категориите до 17, 19 и 21 година со „црвената фурија“.
Од парите што за неговиот тренасфер ќе легнат на сметката на Атлетико, се очекува да бидат ангажирани Ерик Ламела од Тотенхем и Матје Валбуена од Олимпик Марсеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


