Во Клиничката болница-Штип се роди илјадитото новороденче во 2013 година.
– Имавме еден период на мала стагнација, бројките, за жал, беа доста намалени, 800 или 900 деца беше максимумот, меѓутоа сега се враќаме назад во едни подобри времиња благодарение на проектот на Владата за трето дете. Подобрата екипираност на болницата и на персоналот овозможуваат многудетната фамилија да стане повторно реалност и кај нас – изјави Александар Стојанов, директор на клиничката болница во Штип.
Деветнаесетгодишната Ресмие Јунузова од општина Конче е мајката на Мелиза, кое е илјадитото бебе родено оваа година во штипската болница, рече дека се чувствува добро и оти бебето е добро. Девојчето е родено два килограми и 950 грама и е долга 47 сантиметри.
Одговорната сестра во Одделението за гинеколгија и акушерство, Сузана Чурлинова, информира дека Мелиза е прво дете на семејството Јунузови, посочуваќи дека е задоволна што по неколку години на оваа одделение е зголемен бројот на новороденчињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)