| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгелија потона во магла

magla-512x272

Сообраќајот на сите патишта се одвива без забрани, претежно по влажни коловози, а врнежи од слаб дожд има во јужните делови од земјава. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места.

Појава на магла со видливост до 100 метри има на планинскиот премин Буково, а во Гевгелија видливоста е од 50 до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top