| четврток, 6 декември 2018 |

Tрагедија во Гевгелијa: Во сообраќајка загина 27-годишно момче, лекарите се борат за животот на сопатникот

М.К. (27) од Гевгелија загина рано утрово во сообраќајка што се случила на автопатот до граничниот премин Богородица. Сопатникот М.П. (26) добил тешки телесни повреди и како итен случај бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Возилото удрило во металната заштитна ограда на делницата од автопатот Граничен премин Богородица–Гевгелија, а возачот починал на лице место.

Полицијата извршила увид и работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top