Популарниот пејач Роби Вилијамс кој во 2012 година за прв пат стана татко, призна дека го зафатила средовечна криза и дека се плаши од тоа како ќе изгледа кога ќе остари.
Вилијамс неодамна изјави дека бил на пресадување на коса иако не е ќелав, а на овој потег се одлучил бидејќи му било досадно. Роби одлучил за четириесетиот роденден да се почасти со неколку пластични операции.
– Сакам да пробам се и липосукција и подмладување на лицето, а може и корекција на брадата – вели тој за британскиот магазин „Сан“
– Признавам дека веќе подолго време сум во средовечна криза – рече Роби.
Тој исто така додаде дека неговата ќерка потполно му го променила животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


