За реформите во здравството во Македонија се одвоени 100 милиони евра и наша цел е Македонија да стане лидер во регионот, изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ на трибината во Гевегелија.
– Набавивме многу работи значајни за здравството, инвестиравме уште 100 милиони евра за реконструкција и градба. Лекарите се обучуваат во најсовремените здравствени центри за да научат нови методи на работа и овде да помагаат и на колегите, но најмногу на пациентите, рече премиерот.
Тој посочи дека секое негово патување, политичко или економско, го користи и да се види со менаџментот на познатите болници, каде бара доктори од таму да дојдат во Македонија да обучуваат свои колеги.
-Проблем број еден за секој граѓанин е проблемот со здравјето. Тогаш доаѓа до израз колку докторите ни се обучени, каква апаратура имаме. За неколку години, со ова темпо на инвестиции и обуки во здравството, Македонија ќе стане лидер во здравството во регионот. Колку и да изгледа сега ова нереално, тоа е нашата цел за наредниве 5-6 години, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.