| четврток, 6 декември 2018 |

Рубенс Муратовски со порака до Комитите: Избркајте ги бандитите од своите редови да го донесам син ми на натпревар

rubens muratovski2

Актерот Рубенс Муратовски преку својот фејсбук профил ги повика членовите на навивачката група Комити да ги исфрлат од своите редови „бандитите“ кои прават инциденти на спортските терени. Еве што им порача Муратовски:

Од 1987 година сум член на Комити…во следните 3-4 години бев со нив на секој меч во Скопје на Запад…бев во Ниш, Суботица…Белград…по неколку пати…навивавме од срце…за Вардар и за Македонија…јадевме и ќутек надвор од Скопје…и од џандари и од навивачи…додуша и ние ги млатевме…дојде распадот на Бившата…и почнавме да играме само со македонски тимови…некои од комитите рекоа ајде сега да се тепаме со чкембари…?!?…им реков не бе, па јас имам таму многу другарчиња…згора на се Македонци се…!…а бе ај викаат, шо ако……..и од тогаш на Запад не сум бил….и нема да одам додека има вакви….

п.с. со должна почит кон сите, а многу се убеден сум, прави навивачи на Вардар, набркајте ги овие бандити за да се вратам назад а и син ми да го донесам на натпревар на мојот омилен клуб…!

Вардар во срце те носам!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top