| четврток, 6 декември 2018 |

Рубенс Муратовски: Актерот е најмоќен кога е на сцената

Нај­важ­на­та ра­бо­та ко­ја ние акте­ри­те не сме­е­ме да ја за­бо­ра­ви­ме е де­ка, не­за­вис­но кој за ко­го е, утре ќе за­ста­не­ме на иста­та сце­на, та­му ка­де што иск­лу­чи­во ни е ра­бо­та­та. Ќе мо­ра по­втор­но да би­де­ме парт­не­ри, да­ли ќе мо­ра да се са­ка­ме или да се мра­зи­ме, да сме брат и се­стра, та­тко и син... Не смее ни­кој од нас акте­ри­те да доз­во­ли тоа што е над­вор од сце­на­та да вли­јае врз на­ша­та ос­нов­на ра­бо­та, а тоа е сце­на­та, ве­ли Му­ра­тов­ски

Ру­бенс Му­ра­тов­ски ве­ќе ед­на го­ди­на е умет­нич­ки ра­ко­во­ди­тел на Драм­ски те­а­тар и па­ра­лел­но со об­вр­ски­те што ги но­си оваа функ­ци­ја, тој игра и во прет­ста­ви­те што се на ре­пер­то­а­рот на те­а­та­рот. Мно­гу­ми­на ќе се сог­ла­сат де­ка не­го­ва­та уло­га во „Ждре­ло“, ка­де што ја игра глав­на­та уло­га, е ед­на од не­го­ви­те нај­до­бро оди­гра­ни рол­ји до­се­га во ка­ри­е­ра­та. Ток­му со таа прет­ста­ва Драм­ски во по­че­то­кот на април ќе го­сту­ва во Крањ, Сло­ве­ни­ја на Не­де­ла на сло­вен­ска­та дра­ма. 

 

Ед­на го­ди­на сте умет­нич­ки ра­ко­во­ди­тел на Драм­ски те­а­тар. Да­ли сте за­до­вол­ни од сра­бо­те­но­то до­се­га?

МУ­РА­ТОВ­СКИ: Ка­ко што не­ма да има ни­ту ед­на уло­га со ко­ја­што сум пот­пол­но за­до­во­лен, та­ка ќе би­де и со оваа функ­ци­ја. Знам де­ка со ди­ре­кто­рот Ро­берт Ве­ља­нов­ски се по­тру­див­ме да на­пра­ви­ме не­кои ра­бо­ти ко­и­што мо­же­би би­ле на­пра­ве­ни, но не им би­ло да­де­но по­го­ле­мо зна­че­ње. Има и мно­гу ра­бо­ти што не стиг­нав­ме да ги на­пра­ви­ме. Са­мо ед­но мо­жам да ве­там, а тоа е де­ка чес­но ќе ра­бо­там и де­ка ќе го по­све­там це­ло­то мое вре­ме. Има ра­бо­ти со ко­и­што сум иск­лу­чи­тел­но сре­ќен што ги на­пра­вив­ме, но има и мно­гу ра­бо­ти што не се на­пра­ве­ни по­ра­ди при­чи­ни што не за­ви­сат од нас. Се на­де­вам де­ка дел од нив ќе ги на­пра­ви­ме во след­ни­от пер­и­од.

 

Rubens Muratovski (9) (Custom)

Драм­ски не е пре­полн, на­про­тив, за се­ко­ја прет­ста­ва има до­вол­но пуб­ли­ка. Она што е нај­важ­но, ну­ди­ме ква­ли­тет

 

На со­ци­јал­ни­те мре­жи по­сто­ја­но об­ја­ву­ва­те ста­ту­си за прет­ста­ви­те кои се на ре­пер­то­а­рот. Зо­што од­бра­вте ге­ри­ла-мар­ке­тинг?

МУ­РА­ТОВ­СКИ: Мно­гу ед­но­став­но. За­тоа што е бесп­лат­но. Не чи­ни ни­што освен кре­а­тив­на енер­ги­ја и жел­ба да на­пра­вам до­бро за ма­тич­на­та ку­ќа, за фир­ма­та за ко­ја­што ра­бо­там. Сè оста­на­то чи­ни па­ри. Огром­на е бла­го­дар­но­ста кон си­те ме­ди­у­ми кои по­све­ту­ва­ат вни­ма­ние на мо­ја­та ку­ќа, но и на си­те те­а­три во­оп­што. Но, јас, пред сè, збо­ру­вам за мо­ја­та ку­ќа, а за не­кои дру­ги ра­бо­ти се по­треб­ни па­ри. Ова не чи­ни па­ри. Сме­там де­ка со­ци­јал­ни­те мре­жи се ре­чи­си исто тол­ку моќ­ни кол­ку и пе­ча­те­ни­те и еле­ктрон­ски­те ме­ди­у­ми.

 

Што пра­ви­те, или, пак, што уште тре­ба да се сто­ри, за да му го вра­ти­те ста­ри­от сјај на Драм­ски и за се­ко­ја прет­ста­ва да се ба­ра би­лет по­ве­ќе?

МУ­РА­ТОВ­СКИ: Јас не ве­ру­вам де­ка сја­јот на Драм­ски е за­гу­бен. На­про­тив. Тре­ба ре­ал­но да гле­да­ме на ра­бо­ти­те. Во нај­у­ба­ви­те го­ди­ни на Драм­ски, по­че­то­кот на се­дум­де­се­ти­те го­ди­ни на 20 век, за кои се ве­ру­ва де­ка се најс­јај­ни­те го­ди­ни на Драм­ски, има­ше са­мо еден еле­ктрон­ски ме­ди­ум и два пе­чат­ни и по­мал­ку те­а­три откол­ку што има се­га. Те­а­та­рот, се­пак, е ели­ти­стич­ка умет­ност. Се­га има­ме мно­гу по­ве­ќе те­а­тар­ски ку­ќи, сто­ти­на ме­ди­у­ми, бо­га­та по­ну­да на кул­тур­ни на­ста­ни во еден ден, а кван­ти­те­тот на пуб­ли­ка­та е го­лем. Ни на крај па­мет не ми е да ја на­ма­лам вред­но­ста на тоа што го на­пра­вил Драм­ски во тие го­ди­ни. Бла­го­да­ре­ние на тие го­ди­ни, Драм­ски сè уште има, спо­ред ме­не, нај­го­лем авто­ри­тет во ма­ке­дон­ска­та те­а­тар­ска кул­ту­ра. Не тре­ба да го за­бо­ра­ви­ме фа­ктот де­ка де­нес има мно­гу кул­тур­ни на­ста­ни во ед­на ве­чер и тре­ба да се из­нај­дат дру­ги на­чи­ни за да се прив­ле­че пуб­ли­ка во те­а­тар. Драм­ски не е пре­полн, на­про­тив, за се­ко­ја прет­ста­ва има до­вол­но пуб­ли­ка. Она што е нај­важ­но, ну­ди­ме ква­ли­тет.

 

Да­ли умет­ни­кот и умет­но­ста тре­ба да би­дат ан­га­жи­ра­ни?

МУ­РА­ТОВ­СКИ: Да. Не по се­ко­ја це­на, но не сме­там де­ка има не­што ло­шо во тоа. Не­ка­де про­чи­тав де­ка не­ко­гаш и са­ми­от крал си нај­му­вал шу­то­ви за да го кри­ти­ку­ва­ат. Не­ма со­вр­ше­на власт, не­ма со­вр­ше­но вла­де­е­ње, не­ма со­вр­ше­на опо­зи­ци­ја. Ток­му по­ра­ди тоа умет­ни­кот е тој што мо­ра по­сто­ја­но да боц­ка, да ги по­пра­ва ра­бо­ти­те кои, ба­рем спо­ред не­го­во­то гле­да­ње, не се та­кви ка­кви што тре­ба да би­дат. Ток­му по­ра­ди тоа тре­ба да би­дат ан­га­жи­ра­ни и умет­ни­кот и умет­но­ста. Има ед­на анег­до­та во вр­ска со тоа: ако умет­ни­кот не е ан­га­жи­ран, то­гаш е умет­ност за­ра­ди умет­ност. Тоа е не­што ка­ко си­мит-по­га­ча, леб со леб.

 

Rubens Muratovski (1) (Custom)

Во Драм­ски ве­ќе има но­ва енер­ги­ја, лу­ѓе ко­и­што се жел­ни да ги ос­тва­рат сво­и­те идеи

 

Во Драм­ски се вра­бо­те­ни но­ви акте­ри, ли­ков­ни умет­ни­ци, прв­пат и дра­ма­тур­зи. Што оче­ку­ва­те, ка­ков бран тре­ба да до­не­сат тие?

МУ­РА­ТОВ­СКИ: Во Драм­ски ве­ќе има но­ва енер­ги­ја, лу­ѓе ко­и­што се жел­ни да ги ос­тва­рат сво­и­те идеи, а вре­ме­то ќе по­ка­же да­ли се до­бри или ло­ши. Но­ви­те лу­ѓе но­сат но­ва енер­ги­ја, мно­гу по­го­ле­ма жел­ба за ра­бо­та за­тоа што тре­ба да се до­ка­жат. Отсе­ко­гаш би­ло та­ка, мла­ди­те но­се­ле но­ва енер­ги­ја. Ако мо­и­те по­ста­ри ко­ле­ги не ми доз­во­ли­ле да вле­зам на ра­бо­та, то­гаш не­ма­ло да би­дам на ова ме­сто на ко­е­што сум се­га. Ко­га има по­ве­ќе но­ви, мла­ди лу­ѓе, то­гаш се соз­да­де­ни пре­дус­ло­ви за по­до­бар кра­ен ре­зул­тат, а тоа е до­бра прет­ста­ва.

 

Бе­ше об­ја­ве­но де­ка при­ва­тен ин­ве­сти­тор ќе го гра­ди но­во­то зда­ние на Драм­ски те­а­тар. Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра об­ја­ви по­вик за ком­па­ни­ја со ко­ја ќе се вос­по­ста­ви до­го­вор за јав­но-при­ват­но парт­нерс­тво за из­град­ба на пла­ни­ра­ни­от об­јект. До ка­де е ра­бо­та­та?

МУ­РА­ТОВ­СКИ: Со ова пра­ша­ње по­ве­ќе се за­ни­ма­ва ди­ре­кто­рот Ве­ља­нов­ски. Од тоа што јас го знам, пр­ви­от по­вик за јав­но-при­ват­но парт­нерс­тво про­пад­на, во тек или пред крај е вто­ри­от по­вик. Да би­дам искрен, убе­ден сум де­ка ни­кој не­ма да се ја­ви. До­се­га во на­ша­та др­жа­ва јас не сум за­поз­нал не­кој чо­век што има мно­гу па­ри и мно­гу го ин­те­ре­си­ра умет­но­ста. Нив ги ин­те­ре­си­ра­ат не­кои дру­ги ра­бо­ти од ка­де што мо­жат мно­гу­крат­но да ги вра­тат вло­же­ни­те па­ри. Те­а­та­рот, за жал, не е про­фи­та­би­лен биз­нис, ка­жа­но со нив­ни­от реч­ник. Не ве­ру­вам де­ка не­кој ќе се при­ја­ви, а, да би­дам искрен, ни­ту са­кам да се при­ја­ви не­кој.

 

Ка­ко е де­нес да се би­де актер во Ма­ке­до­ни­ја?

Rubens Muratovski (10) (Custom)

Се­кој е ко­вач на сво­ја­та суд­би­на, се­кој си го од­би­ра сво­јот пат, да за­зе­ме став, да­ли да кри­ти­ку­ва или да не кри­ти­ку­ва не­ко­го

МУ­РА­ТОВ­СКИ: Се­кој е ко­вач на сво­ја­та суд­би­на, се­кој си го од­би­ра сво­јот пат, да за­зе­ме став, да­ли да кри­ти­ку­ва или да не кри­ти­ку­ва не­ко­го. Има уште мно­гу ра­бо­ти ко­и­што тре­ба да се на­пра­ват. Но, ве­ру­вај­те, мно­гу е по­до­бра по­зи­ци­ја­та на акте­рот се­га откол­ку пред пет­на­е­се­ти­на го­ди­ни. Јас го­во­рам од мо­ја глед­на точ­ка би­деј­ќи сум 10-15 го­ди­ни по­и­ску­сен, мо­же­би сум на­пра­вил по­до­бри рол­ји. Нај­важ­на­та ра­бо­та ко­ја ние акте­ри­те не сме­е­ме да ја за­бо­ра­ви­ме е де­ка, не­за­вис­но кој за ко­го е, утре ќе за­ста­не­ме на иста­та сце­на, та­му ка­де што иск­лу­чи­во ни е ра­бо­та­та. Ќе мо­ра по­втор­но да би­де­ме парт­не­ри, да­ли ќе мо­ра да се са­ка­ме или да се мра­зи­ме, да сме брат и се­стра, та­тко и син… Не смее ни­кој од нас акте­ри­те да доз­во­ли тоа што е над­вор од сце­на­та да вли­јае врз на­ша­та ос­нов­на ра­бо­та, а тоа е сце­на­та. Акте­рот е нај­мо­ќен ко­га е на сце­на­та. Јас најм­но­гу мо­жам да при­до­не­сам за мо­ја­та др­жа­ва ко­га сум на сце­на. Дру­го­то не го раз­би­рам мно­гу.

 

Што под­го­тву­ва Драм­ски те­а­тар за од­бе­ле­жу­ва­ње на Свет­ски­от ден на те­а­та­рот?

МУ­РА­ТОВ­СКИ: Ла­ни имав­ме цел ме­сец на­ма­ле­ни це­ни, играв­ме те­а­тар­ски ма­ра­тон, се оди­граа че­ти­ри прет­ста­ви. Овој­пат ќе има­ме ме­сец на те­а­та­рот. Ќе од­бе­ле­жи­ме иск­лу­чи­тел­но зна­ча­ен да­тум, че­твр­ти март, ко­га се на­вр­шу­ва­ат 50 го­ди­ни од гра­де­ње­то на об­је­ктот на Драм­ски. На че­твр­ти март ќе се при­ка­же до­ку­мен­та­рен филм кој го под­го­твив­ме за Драм­ски, ќе има све­че­на ака­де­ми­ја, ве­чер­та ќе има прет­ста­ва во сла­ва на тие 50 го­ди­ни. След­на­та го­ди­на Драм­ски има зна­ча­ен ју­би­леј, 70 го­ди­ни од по­сто­е­ње­то, на 21 април, и тој да­тум ќе би­де со­од­вет­но од­бе­ле­жан.

 

Интервјуто може да го погледнте и на „РепубликаТВ“.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top