
Волшебното самарче. ТВ Скопје 1975. Игор Џамбазов, Анче Џамбазова, Петре Прличко, Ристо Шишков, Коле Ангеловски… Работена според делото на Ванчо Николевски.
Се сеќавате на моментот кога Трајче Дрварчето ќе дознае дека неговиот татко загинал за време на бомбардирањето на Белград?
Белото Циганче. Македонска серија за деца од 1983 година. Илија Џувалековски, Снежана Стамеска, Крсте Јовановски, Рубенс Муратовски, Игор Маџиров… Дело од Видое Подгорец.
Булки крај шините, македонска серија за деца ТВ Скопје 1981 година. Рубенс Муратовски, Петре Прличко, Благоја Чоревски, Анета Дурчевска, Јоана Поповска, Сашо Смилевски…
За снимањето на оваа серија, во едно интервју за „Република“, Рубенс вели:
Ех, тоа беше на кастинг. Имаше огромна аудиција за „Булки крај шините“, во дворот на Македонската телевизија во Нерези, во паркче, во тој преубав простор. Имаше многу деца од цела Македонија. Веројатно е тоа првиот кадар кој го паметам…Лажам! Една година порано, 1979, карши Македонската телевизија пред да почнат зградите, во тревната површина се снимаше новогодишен детско-возрасен игран филм, кој се даваше пред Нова година, и тоа беше првото нешто од снимањето на кое се сеќавам. Трема имав, но имам и ден-денес. Идејата е да знаеш да ја контролираш тремата и да направиш да тече на твоја страна, да те направи да бидеш покреативен, подобар… Тремата е знак на одговорност и ништо повеќе.
Како беше после првата улога. Ве препознаваа на улица… Како се носевте со таа детска слава?
Муратовски: Морам да признам, иако не знам како ќе звучи тоа, кога ќе видев повеќе од две дечиња на исто место како прават муабет, секогаш кружев околу, затоа што откако ќе ги одминев слушав, еј еве го овој од Булки или еве го ова циганчето… И ми беше навистина непријатно. Ама баш непријатно. Се срамев. Не се срамев од работата што ја правев, ама не знам, што знае едно дете… Но полека, полека како одминуваше времето почнав да го прифаќам како дел од мојот живот. Таа слава некогаш ми помага, некогаш одмага. Морам да признам дека во поголем дел од случаите помага да бидеш познат, но има моменти кога не е баш убаво да си познат, ти делува негативно на некои други полиња. Меѓутоа, тоа е дел од работата. Од 6 до 41 година го работам тоа и сум го прифатил како дел од мојот живот.
Втората смена – македонска серија за деца и млади од 1988 година. Според романот „Втората смена“ на Велко Неделковски.
Играат: Мартин Трпчевски, Катарина Ангеловска, Виктор Дојчиновски, Наталија Куновска, Павел Максимовски, Рубенс Муратовски, Марија Кондовска, Александар Чамински, Стојна Крстевска, Ѓокица Лукаревски, Анче Џамбазова…
Опстанок, македонска серија од 1990/91 година. Играат Дејан Велков, Елена Зафировска, Катерина Ангелова, Сашо Софрониевски, Мето Јовановски, Ненад Стојановски, Мите Грозданов, Ванчо Петрушевски, Шенка Колозова, Синоличка Трпкова, Кирил Андоновски, Благоја Спиркоски – Џумерко, Ѓорѓи Колозов.
Големи и мали – македонска серија од 2000 година, направена по кнгата на Бошко Смаќоски, а во режија на Душан Наумовски. Во неа го гледаме и Жарко Димитриоски, денеска познат како Жаре од „Еден на еден“.
Секако тука се и Девојките на Марко, со Игор Џамбазов, Рубенс Муратовски… Потоа Чук, чук Стојанче, До-ре-ми, Дајте музика, Бушава азбука, Македонски народни приказни…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


