| четврток, 6 декември 2018 |

Рубенс Муратовски: Поединци го рушат имиџот на Комитите

rubens muratovski500

Од 1987 година сум член на Комити…во следните 3-4 години бев со нив на секој меч во Скопје на Запад…бев во Ниш, Суботица…Белград…по неколку пати…навивавме од срце…за Вардар и за Македонија…јадевме и ќутек надвор од Скопје…и од џандари и од навивачи…додуша и ние ги млатевме…дојде распадот на Бившата…и почнавме да играме само со македонски тимови…некои од комитите рекоа ајде сега да се тепаме со чкембари…?!?…им реков не бе, па јас имам таму многу другарчиња…згора на се Македонци се…!…а бе ај викаат, шо ако……..и од тогаш на Запад не сум бил….и нема да одам додека има вакви….

п.с. со должна почит кон сите, а многу се убеден сум, прави навивачи на Вардар, набркајте ги овие бандити за да се вратам назад а и син ми да го донесам на натпревар на мојот омилен клуб…!

Вардар во срце те носам!

Ова е статусот на Фејсбук на македонскиот актер Рубенс Муратовски,навивач на Вардар, упатен до онаа мала група навивачи кои прави инциденти на спортските натпревари и го нарушува угледот и името на целата навивачка група Комити. Тој во коментари посочува дека доволно се еден-двајца да направат инцидент, кој, за жал се препишува на целата навивачка група на Вардар.

rubens muratovski

rubens

Денеска силите ги одмерија Вардар и Металург, натпревар во рамките на СЕХА лига, на кој победи Металург. Играчот на Металург и македонски репрезентативец, Наумче Мојсовски лежеше повреден на паркетот, додека дел од навивачите маваа со ситни предмети на теренот. Притоа настрада играчот на Вардар Тимур Дибиров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top