Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ пред состанокот во рамки на Советот за општи работи на Унијата (ГАК), на кој се носат заклучоците за проширувањето на Унијата што в четврток и петок ќе ги усвои Европскиот совет на самитот, коментираа за тоа што очекуваат да се донесе како заклучок во однос на пакетот за проширување на ЕУ, јавува МИА од Брисел.
– Денеска никој на Советот нема да разговара за Босна и Херцеговина, кога станува збор за проширувањето. Ќе разговараме за Србија, Косово и, традиционално, за Македонија – посочи словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак.
Шведскиот дипломат Карл Билт е конкретен за тоа што може да се очекува од ГАК за Македонија.
– Се надевам дека ќе бидеме конструктивни за Македонија, посочи Билт, кој не сакаше да каже дали може да се очекува чудо и Советот за општи работи да одреди и датум за преговори за земјата.
Сепак, Билт додаде дека проширувањето на Унијата е важен процес за Брисел и дека за истиот е потребен моментум во однос на преземање мали или големи чекори, базирани на условите.
– Но, јасно укажуваме дека овој процес продолжува, па и ако се менуваат кандидатите, ние продолжуваме да се отвораме, посочи шведскиот шеф на дипломатијата.
Претседавачот со денешниот Совет, литванскиот министер за надворешни работи, Линас Линкевичиус, пак, посочи дека ова е последен ГАК за време на литванското претседателство со ЕУ. Тој посочи дека очекува интензивен состанок, пред сѐ, во донесувањето на заклучоците за Исланд, Турција, Западен Балкан и преговарачката рамка со Србија во однос на проширувањето.
– Очекуваме денеска да ги донесеме сите заклучоци во однос на проширувањето – посочува Линкевичиус, најавувајќи прес-конференција по состанокот.
Став на сите шефови на дипломатиите за денеска е дека единствено во пакетот за проширувањето ќе има негативен став за Босна и Херцеговина. На предлог на шефот на дипломатијата на Словенија, Карл Ерјавец, ГАК ќе дикскутира за можен медијатор од ЕУ, како улогата на Кетрин Ештон меѓу Белград-Приштина, во Босна и Херцеговина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На ГАК абортирало 13-годишно девојче
-
Д-р Ана Данева Маркова е нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство
-
МЗ: Бебињата починале поради предвремено раѓање, имале неразвиени органи и исклучително ниска тежина
-
Стојаноска: Дали е точно дека е најдена бактеријата МРСА на креветчињата на бебињата во ГАК?


