По спороведената контрола за допинг од страна на Националната антидопинг-комисија при Агенцијата за млади и за спорт врз 15 ракометари на Металург и на Вардар (мажи и жени) по случаен избор во текот на минатиот месец, примероците беа испратени на анализа во референтната лабораторија на ВАДА (WADA) во Виена.
Како што соопштија од Агенцијата за млади и за спорт, резултатите што ги добиле утрово, покажале дека ниту еден од 15 ракометари не користел забранета супстанца од Листата на забранети супстанции и методи на ВАДА.
Подложени на контрола за допинг беа следниве ракометари:
РК Вардар
Чипурин Михаил
Даскалоски Златко
Карачиќ Игор
Раствортцев Алексеј
РК Металург
Кеџо Никола
Мандиќ Игор
Мијатовиќ Раде
Мојсоски Златко
ЖРК Вардар
Црвенкоска Билјана
Костјукова Екатерина
Саидова Нигина
Суслина Ина
ЖРК Металург
Митрова Драгица
Младеновска Наташа
Саздовска Јована
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.