| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија: Признај дека си копиле и изрод и ќе те прифатиме во ЕУ (целосен текст од неделникот Република)

Бу­гар­ска стра­те­ги­ја за Ма­ке­до­ни­ја што е об­ја­ве­на пред пет го­ди­ни нѐ „те­ши“ де­ка и со приз­на­ва­ње­то на „бу­гар­ски­те ко­ре­ни“ на Ма­ке­дон­ци­те др­жа­ва­та ќе си про­дол­жи да си по­стои нор­мал­но ка­ко да не би­ло ни­што

bojko samaras

Мо­же­те да го приз­на­е­те ва­ше­то бу­гар­ско по­тек­ло, а при­тоа да си оста­не­те Ма­ке­до­нец. Бу­га­ри­ја за­ед­нич­ки ќе дејс­тву­ва со Гр­ци­ја за да го на­те­ра Скоп­је на „до­бро­со­сед­ски од­но­си“, ама тоа ќе тре­ба да го на­пра­ви на тој на­чин што не­ма да се стек­не впе­ча­ток де­ка Со­фи­ја ста­на­ла вто­ра Ати­на. А, ако Гр­ци­те пре­те­ра­ле во нив­ни­те ас­пи­ра­ции кон Ма­ке­до­ни­ја, Бу­га­ри­ја ќе за­ста­не­ла на стра­на­та на Ма­ке­до­ни­ја?!

Што зна­чи пос­лед­но­во? Ако грч­ки­те тен­ко­ви трг­нат на­кај Би­то­ла, Бу­га­ри­те ќе вле­зат во Ма­ке­до­ни­ја да нѐ бра­нат? Чо­век да го за­бо­ли гла­ва од бу­гар­ска­та ло­ги­ка, но та­ка стои во бу­гар­ска­та стра­те­ги­ја кон Ма­ке­до­ни­ја ко­ја е об­ја­ве­на уште пред са­ми­тот на НА­ТО во 2008 го­ди­на, од­нос­но во 2007 го­ди­на ко­га Со­фи­ја ве­ќе ста­на член­ка на ЕУ.

Мо­же­би зву­чи деп­ла­си­ра­но да се пи­шу­ва за бу­гар­ска­та по­ли­ти­ка кон Ма­ке­до­ни­ја во де­неш­ни ус­ло­ви ко­га си­те до­бро ја гле­да­ме, но она што за­чу­ду­ва де­нес во ма­ке­дон­ска­та јав­ност е из­не­на­ду­ва­ње­то од лан­ско­то бу­гар­ско ве­то во Бри­сел ко­га Бу­га­ри­ја го пла­ни­ра­ла тоа пет го­ди­ни и тоа е јав­но об­ја­ве­но. Се­пак, зна­чај­но е да се разг­ле­да, осо­бе­но за­тоа што во оваа стра­те­ги­ја јас­но се на­ве­ду­ва­ат на­со­ки­те на бу­гар­ски­те по­ли­ти­ча­ри, функ­ци­о­не­ри и во­оп­што на це­ли­от бу­гар­ски апа­рат во ос­тва­ру­ва­ње на нив­ни­те це­ли не са­мо во дејс­тву­ва­ње­то во Бу­га­ри­ја и во све­тот, ту­ку и на те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја. Осо­бе­но по дејс­тву­ва­ње­то на двај­ца ма­ке­дон­ски по­ли­ти­ча­ри – Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, кој ја пот­пи­ша спо­год­ба­та за до­бро­со­седс­тво со пре­ми­е­рот Иван Ко­стов на 22 фе­вру­а­ри 1999 го­ди­на, и Вла­до Буч­ков­ски, кој пре­ку но­ва­та пар­ти­ја, Али­јан­са за по­зи­тив­на Ма­ке­до­ни­ја, отво­ре­но ја по­ба­ра под­др­шка­та на ма­ке­дон­ски­те бу­га­ро­фи­ли, кои за воз­врат ќе мо­жат сло­бод­но да ги спро­ве­ду­ва­ат сво­и­те ас­пи­ра­ции во Ма­ке­до­ни­ја, а кои, пак, се исти ка­ко во стра­те­ги­ја­та на Со­фи­ја, ко­ја е пред­мет на ова до­сие.

buckovski - saksoburgotski

Са­мо­у­бис­тво од за­се­да

Ко­га чо­век ќе ја чи­та стра­те­ги­ја­та од 2007 го­ди­на, не мо­же да не по­мис­ли на изре­ка­та по­ме­сте­на во овој ме­ѓу­нас­лов. Ток­му тоа го ба­ра Бу­га­ри­ја од Ма­ке­до­ни­ја. Бу­гар­ски­те ака­де­ми­ци, чии пот­пи­си сто­јат на оваа стра­те­ги­ја, сме­та­ат де­ка пра­во­то на ет­нич­ко са­мо­о­пре­де­лу­ва­ње спа­ѓа во ос­нов­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва и Бу­га­ри­ја ни­ка­ко не смее да му на­мет­ну­ва не­ко­му ка­ко ќе се из­јас­ну­ва! Упс! А, тоа што со го­ди­ни на бу­гар­ски­те по­пи­си не­ма­ше гра­фа Ма­ке­до­нец? Е, се­га, во стра­те­ги­ја­та се ве­ли де­ка Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да пре­ста­не да си ја при­сво­ју­ва бу­гар­ска­та исто­ри­ја и да ги приз­нае сво­и­те бу­гар­ски ко­ре­ни. А, по­тоа, не­ли, по све­то­то пра­во на са­мо­о­пре­де­лу­ва­ње на ет­нич­ка­та при­пад­ност, Ма­ке­дон­ци­те мо­же да се сме­та­ат се­бе­си за Ма­ке­дон­ци, не­бу­га­ри, ама не сме­ат да го не­ги­ра­ат сво­е­то бу­гар­ско по­тек­ло. Отка­ко ќе го приз­на­е­ме тоа, спо­ред бу­гар­ски­те на­уч­ни­ци, ќе има­ме сил­на под­др­шка од Бу­га­ри­ја и за­ед­но ќе жи­ве­е­ме дол­го, среќ­но и ве­се­ло.

До­кол­ку не­ко­го го за­бо­ли гла­ва од ова, ќе се оби­де­ме да го пре­ве­де­ме. За Бу­га­ри­ја е во ред да приз­на­е­ме де­ка има­ме чи­сто ет­нич­ко бу­гар­ско по­тек­ло, а пос­ле мо­же­ме да би­де­ме Ма­ке­дон­ци. Ако на тоа се до­да­де твр­де­ње­то де­ка Ма­ке­до­ни­ја е срп­ски про­ект од 1889 го­ди­на, ко­неч­но ре­а­ли­зи­ран од Ко­мин­тер­на­та и Ти­то во 1945 го­ди­на, она што се ба­ра од нас е да го при­фа­ти­ме след­но­во: ние сме ср­бо-ко­му­ни­стич­ки ко­пи­ли­ња и ако приз­на­е­ме де­ка сме изро­ди (сме се отка­жа­ле од бу­гар­ски­от род), Бу­га­ри­ја (зна­чи мај­ка­та од ко­ја сме се отка­жа­ле) ќе нѐ са­ка и под­др­жи ка­ко Ма­ке­дон­ци! И та­ка оваа чуд­на при­каз­на тре­ба да му се об­јас­ни на стра­нец од Евро­па или од Аме­ри­ка.

Океј е да си изрод! Европ­ски е.

 

Пи­ша­но, сто­ре­но

Ми­на­ти­те го­ди­ни мош­не јас­но мо­же­ше да се ви­ди ре­а­ли­за­ци­ја­та на оваа бу­гар­ска до­ктри­на (кол­ку и да се ко­си со здра­ва­та ло­ги­ка). По­крај ве­то­то во Бри­сел, де­ле­ње­то др­жав­јанс­тва и па­ри на Ма­ке­дон­ци­те во Ал­ба­ни­ја и во Ко­со­во, се­оп­што­то, на­лик на грч­ко­то, кле­ве­те­ње на Ма­ке­до­ни­ја низ све­тот де­ка ди­скри­ми­ни­ра и мал­тре­ти­ра Бу­га­ри и соз­да­ва лаж­на исто­ри­ја, Бу­га­ри­ја ус­пе­ва до­не­ка­де да се вме­ша и во ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на. Пр­во, на 22 фе­вру­а­ри 1999 го­ди­на, бе­ше пот­пи­ша­на спо­год­ба­та за до­бро­со­седс­тво од стра­на на то­гаш­ни­те пре­ми­е­ри Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски и Иван Ко­стов. Таа спо­год­ба е аси­ме­трич­на, по­точ­но нај­го­лем дел од точ­ки­те се об­вр­ски на Ма­ке­до­ни­ја. Ток­му по­ра­ди тоа, во стра­те­ги­ја­та од 2007 го­ди­на бу­гар­ски­те ака­де­ми­ци по­сто­ја­но ин­си­сти­ра­ат оваа спо­год­ба да пре­рас­не во фор­ма­лен до­го­вор. На при­мер, во еди­на­е­сет­та­та точ­ка се на­ве­ду­ва де­ка две­те др­жа­ви не­ма да пре­зе­ма­ат, пот­тик­ну­ва­ат и под­др­жу­ва­ат дејс­тва што има­ат не­при­ја­тел­ски ка­ра­ктер за дру­га­та стра­на. Ме­ѓу дру­го­то, пи­шу­ва и де­ка ни­ту ед­на од стра­ни­те не­ма да доз­во­ли неј­зи­на­та те­ри­то­ри­ја да би­де иско­ри­сте­на од ор­га­ни­за­ции и гру­пи чи­ја цел е да вр­шат по­дри­вач­ки, се­па­ра­ти­стич­ки или за­стра­шу­вач­ки дејс­тва по ми­рот и си­гур­но­ста на дру­га­та стра­на и оти две­те др­жа­ви не­ма­ат и не­ма да има­ат те­ри­то­ри­јал­ни пре­тен­зии ед­на кон дру­га.

„Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја из­ја­ву­ва де­ка ни­што од неј­зи­ни­от устав не тре­ба да се тол­ку­ва де­ка прет­ста­ву­ва или не­ко­гаш ќе прет­ста­ву­ва ос­но­ва за ме­ша­ње во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на Ре­пуб­ли­ка Бу­га­ри­ја, со цел за­шти­та на ста­ту­тот и пра­ва­та на ли­ца што не се гра­ѓа­ни на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Две­те др­жа­ви ќе пре­зе­мат ефи­кас­ни мер­ки за пре­срет­ну­ва­ње на не­до­бро­на­мер­на­та про­па­ган­да од стра­на на ин­сти­ту­ции, аген­ции и не­ма да доз­во­лат деј­но­сти од при­ват­ни суб­је­кти на­со­че­ни кон пот­тик­ну­ва­ње на­силс­тво, омра­за или дру­ги слич­ни дејс­тва што би ги по­вре­ди­ле од­но­си­те ме­ѓу две­те зем­ји“, се на­ве­ду­ва во пос­лед­ни­от дел од спо­год­ба­та.

BULGARIA- MACEDONIAN PM

Во ре­ал­но­ста спо­год­ба­та ни­ко­гаш не би­ла по­чи­ту­ва­на. Ка­ко гру­пи што ги воз­не­ми­ру­ва­ат до­бро­со­сед­ски­те од­но­си мо­же да се сме­та­ат ОМО Илин­ден – Пи­рин и ВМРО–БНД. Но, во су­шти­на оваа спо­год­ба ѝ оди во при­лог на Бу­га­ри­ја. Се­кое истак­ну­ва­ње на Го­це Дел­чев во Ма­ке­до­ни­ја, во Бу­га­ри­ја мо­же да се сме­та за пре­диз­ви­ку­ва­ње омра­за би­деј­ќи Дел­чев се сме­та за еден од нај­свет­ли­те лич­но­сти на бу­гар­ска­та исто­ри­ја. Исто­то би се рек­ло и за Цар Са­му­ил. Со дру­ги збо­ро­ви, Ге­ор­ги­ев­ски ста­ви пот­пис врз еден до­ку­мент кој суп­тил­но ја под­др­жу­ва­ше бу­гар­ска­та стра­те­ги­ја, ко­ја, ка­ко што ре­ков­ме, јав­но е обе­ло­де­не­та ре­чи­си ед­на де­це­ни­ја по­доц­на. Пос­лед­на­та иде­ја на Буч­ков­ски е по­втор­но та­ктич­ко спро­ве­ду­ва­ње на бу­гар­ска­та стра­те­ги­ја би­деј­ќи ре­а­ли­за­ци­ја­та на ба­ра­ња­та на бу­гар­ско­то мал­цинс­тво во Ма­ке­до­ни­ја е со­ста­вен дел на стра­те­ги­ја­та. Пра­ша­ње е да­ли во оваа пар­ти­ја се свес­ни за тоа.

(текст објавен во 66. број на неделникот „Република“, 6.12.2013)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top