Кристофер Ивон, британски амбасадор во земјава смета дека бизнисмените во Британија не се запознаени доволно за инвестирањето во Македонија, па затоа според него, мора да се потенцираат поволностите на македонскиот пазар и економија и бизнис услови со цел да се привлече британскиот капитал.
-Еден начин секако се овие „роуд шоуа“ за на публиката таму, составена од бизнисмени да се презентира земјата. Поразговарав со некои од бизнисмените кои беа таму и после интерактивните презентации ним им беше појасно што нуди Македонија за инвестирање, вели амбасадорот Ивон во интервјуто за неделникот Капитал.
Ивон понатаму потенцира дека според сите Извештаи, (Дуинг Бизнис, Стартинг-ап бизнис), Македонија е атрактивна, значи, има опкружување во кое многу инвеститори гледаат добра прилика да работат.-Што се однесува до новите инвеститори, тие гледаат и другите компании кои се веќе присутни како се снаоѓаат тука. Најголемиот британски инвеститор тука, Џонсон Мети одржа една презентација за да демонстрира како тие работат и кои поволности ги уживаат, вели Ивон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


