| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Британија: Компанија за болнички отпад, складирала човечки тела

Британското Министерство за здравство соопшти утрово дека Британската национална здравствена служба (NHS) го раскинала договорот со компанијата за отстранување болнички отпад Healthcare Environment Services (HES), бидејќи складирале голема количина на отпад, вклучувајќи и делови од човечки тела, наместо да ги отстрани на пропишан начин.

Пратеникот на лабуристите Џонатан Ешворт истакнал дека тоа е навистина „страшен скандал“, известувајќи дека се работи за 350 тони отпад, во кој имало и делови од човечки тела и заразни течности, кои компанијата ги чувала во складиштата.

Агенцијата за животна средина минатата недела почна кривична истрага против HES, поради „прекумерен отпад” и прекршување на лиценците на пет локации, пренесува британски „Индипендент”.

Министерот за здравство на Британија, Стивен Беркли во обраќањето во Парламентот истакнал дека Националната здравствена служба продолжува да функционира нормално и дека постојат планови во случај на ваква ситуација. Тој потенција дека нема опасност по здравјето на пациентите и пошироката јавност. Според Беркли, владата за првпат била известена за овој случај кон крајот на јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top