Рубин Гулабоски, доктор по хемиски науки и Иван Богески, доктор по медицински науки и двајцата од Прилеп, сметаат дека се пред огромно откритие – како да се забави процесот на стареење на кожата, објави порталот „Економски“. Тие заедно со двјца германски научници патентирале дериват на познатиот „Коензим Ку 10“.
– Синтетизиравме дериват на познатиот коензим Ку 10. Тој е еден од најпознатите природни антиоксиданси кој ја штити кожата од влијанието на штетните честички – реактивните радикали, одговорни за стареењето на кожата и за канцерогени заболувања, појасни Гулабоски и прецизира оти соединението што го пронашле има својство да ги лови тие радикали, да ги уништува и повторно само да се обновува, вели Гулабоски.
Откритието го патентирале во Германија, кое е соптвеник на авторските права и со 300 илјади евра го публикувало откритието.
– Работевме на овој патент две години, тајно. Прво работевме друго, но кога видовме колку е битно ова соединение, навистина работевме тајно за до него да не стигнат други конкурентски куќи или факултети. Практична примена има во фармацевтската индустрија, во фармацевтските препарати, за кремови за заштита на кожата, а се испитува да се примени во форма на таблети и сирупи ефикасни против одредени канцерогени заболувања на кожата, вели проф Гулабоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


