Mакедонската опера и балет пред новогодишните прзаници подготви уште една премиера. Станува збор за современиот балет „14 часа“, за кој музиката е избрана од досегашните дела на Кирил Џајковски, во кореографија на танчерот Игор Киров, а во режија на Наташа Поплавска. Премиерата е закажана за 22 декември на сцената на МОБ.
– Во претствата се зборува за балансот и контактот меѓу луѓето. Како водечки ликови во оваа приказна решивме да бидат маж и жена, односно сопруг и сопруга, кои прославуваат 10 години од својот брак. Оттаму почнува нашата приказна – вели Наташа Поплавска, која посочи дена насловот на претставата е избран како совршен број за баланс, кој многупати се сретнува и во библијата.
Во балетот настапуваат Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Јан Кисилев и Трајче Стојковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.