
Нов ракометен дуел помеќу Вардар и Металург во спортската арена „Борис Трајковски“. Најдобрите ракометни клубови од земјава ќе се сретнат на 17 декември, во 17 часот и 45 минути, одигрувајќи го заостанатиот натпревар од 10-то коло во регионалната СЕХА лига.
-Натпреварот меѓу Вардар и Металург во рамките на СЕХА Гаспром Јужен Тек лигата, ќе се игра во СЦ “Борис Трајковски”. Поради големиот интерес што владе за дербито на полузесоната, раководството на македонскиот шампион реши да им даде можност на што поголем број симпатизери, во живо да следат уште една пресметка на големите ривали – стои информацијата објавена на сајтот на Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


