| четврток, 6 декември 2018 |

Жизел Бундшен дои дете додека ѝ ја средуваат косата

gisele

Бразилската манекенка Жизел Бундшен на својот официјален профил на социјалната мрежа „инстаграм“  постираше фотографија која слободно може да се нарече „три во едно“. Додека ја фиризираат, шминкаат и маникираат, таа ја дои својата едногодишна ќерка.

– Што би правела јас без својата екипа за убавина после 15-часовен лет и три часа сон? Мултитаскинг – напишала славната манекенка покрај фотографијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top