| четврток, 6 декември 2018 |

Хоризонт Турново е нов есенски шампион по киксот на Вардар

Vardar - skendija   08 12 13(17)

Во последното есенско коло екипата на Вардар не успеа да домашен терен да слави над тетовска Шкендија и со тоа да се искачи на врвот на табелата и да ја подигне титулата за есенски шампион.
По студено време на арената Филип Втори Вардар одигра само 0-0 со Шкендија. Иако имаа неколку стоотстотни шанси сепак мрежата на голот на Шкендија остана не затресена. Шкендија можеше да си замине од Скопје и со трите бода ако голманот на Вардар Павловиќ не успееше да го одбрани ударот од белата точка на Ндерим Неџипи. Вардар е во серија од 11 мечеви без пораз, но и покрај тоа со денешниот бод се израмни со бодовите со Турново и Пелистер. Сепак поради полошата гол разлика сепак есенската титула ќе оди во рацете на играчите од Турново.
На табелата води Хоризонт Турново со 34 бода колку што имаат и екипите на Пелистер и Вардар. Четврта е екипата на Работнички со 31 бод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top