| четврток, 6 декември 2018 |

Деветгодишно девојче роди бебе

w460Деветгодишна мексиканка роди девојче, соопштија локалните власти и роднини.
-Девојчето имало малку повеќе од осум години, кога забременило. Таткото е 17-годишно момче- им кажала  на новинарите мајката на девојчето.
Семејството со помош на властите го бараа таткото на бебето, кој е во бегство, за да каже што всушност се случило, бидејќи малечката мајка не знае да објасни како дошло до тоа да има полов однос на осум години.

-Тоа е случај на силување или сексуално малтретирање на дете-  вели Хорхе Виласенор од американското обвинителство.

Бебето се родило на 27 јануари во болница во градот Сапопан и тежи 2,7 килограми.
Младата мајка и нејзиното дете веќе се испишани од болница, но лекарите ќе продолжат да ги следат, поради кревката возраст на мајката, пренесуваат странските агенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top