| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисмени заинтересирани да инвестираат во Македонија

Микеле Орзан, претседател на Европската стопанска комора на Централна и Источна Европа истакна дека бизнисмените имаат одлична соработка со македонската Влада, преку која ги разгледуваат можностите за инвестирање

pesevski_2302_g

Светски бизнисмени испитуват терен за инвестиции во Македонија. На бизнис-форум во Скопје денес беа присутни над 40 компании од Југоисточна Европа.

Бизнисмени од Италија, Германија, Австрија, Словенија, Унгарија, Србија, Романија и Бугарија, откако ги слушнаа презентациите на премиерот Груевски и на другите владини претставници, ќе излезат и на терен во технолошко-индустриските развојни зони.

-Фактот дека веќе не посетуваат директно претставници на странски компании во голем број, ја потврдува тезата дека Македонија останува атрактивна инвестициска дестинација. Тие ќе ја разгледуваат слободната економска зона, а ќе имаат средба со други владини претставници.Роуд-шоуата и презентациите ќе продолжат и натаму бидејќо конечната цел е да се продолжи со забрзан економски развој, истакна вицепремиерот Влдимир Пешевски.

Микеле Орзан, претседател на Европската стопанска комора на Централна и Источна Европа истакна дека бизнисмените имаат одлична соработка со македонската Влада, преку која ги разгледуваат можностите за инвестирање.

-Бизнисмените се позитивно изненадени од напредокот постигнат во изминатиов период. Морам да напоменам дека сме мошне изненадени од фид-бекот кој го добиваме од владините претставници кои се на располагање 24/7. Во однос на позитивниот развој, ги напоменувам можностите во одржливиот развој, рече тој.

Според министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлевски, бизнис-форумот е одлична можност да се претстават предностите за инвестирање во Македонија и изрази надеж дека силни корпорации кои веќе се присутни во ЈИЕ ќе дојдат и во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top