| четврток, 6 декември 2018 |

Успешно оперирани уште 13 деца со срцеви аномалии на Клиниката за детска хирургија

operacija

Успешно се оперирани уште 13 деца со сериозни срцеви аномалии на Kлиниката за детска хирургија од страна на американски лекари. Тие со македонските колеги ги извршија операциите на отворено срце.
Тимот американски детски кардиохирурзи од Меѓународната фондација „Детско срце“ со седиште во САД, четврти пат годинава престојуваат во земјава, а досега направија 49 интервенции, од кои 90 отсто беа кај 4 и 5-месечни бебиња. Паралелно се врши и едукација на наши лекари од Kлиниката за детска хирургија, Детската клиника и од KАРИЛ.
Досега овие случаи беа упатувани во странство за интервенции и тоа најмногу во Бугарија, за што се одлевале и големи средства.
– Во 2012 година во центарот во Бугарија се платени околу 500.000 евра за 49 случаи. Годинава таму се испратени само децата за кои не беше безбедно да чекаат помеѓу две доаѓања на кардиохирурзите од САД. Заштедивме многу средства, а ова е историски проект, кој го подигнува нивото на здравството во Македонија – рече министерот за здравство, Никола Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top