| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: 63 отсто Бугари веруваат дека Македонците се Бугари

sofija

62% од Бугарите гледаат позитивно на влезот на Србија во ЕУ , 57% од Бугарите гледаат позитивно на влез на Македонија во ЕУ, 46% од Бугарите гледаат позитивно на влез на Црна Гора во Европската унија. Околу 30% од Бугарите ги дефинираат како идни членки на ЕУ – Косово, Албанија и Босна , а 28 % – Турција.

Информира Чавдар Најденов од агенција АФИС, кој ги презентираше податоците од социолошкото истражување за ставовите на Бугарите спрема членството на Македонија во ЕУ , пренесува бугарската агенција “Фокус”.

Мнозинството Бугари сметаат дека во Македонија живеат Бугари – 63 отсто велат дека граѓаните на Република Македонија се Бугари, а само 3,8 отсто не мислат така.

На прашањето – за кого ќе биде корисен влезот на Македонија во ЕУ, 39% од Бугарите одговориле дека тоа ќе биде корисно за Македонија, само една петтина од испитаниците сметаат дека тоа ќе биде корисно за самата Европска унија. 9% од Бугарите имаат негативно мислење, според нив тоа нема да биде корисно за никого.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top