Поранешната девојка на Марио Балотели, Рафаела Пико, со која има ќерка, го тужеше поради тоа што одбива да го признае детето.
Италијанскиот фудбалер по шест месеци врска, овој јуни, ја запроси манекенката Фани Негеш, со која планира да се ожени. Сепак, тој од претходната врска со Рафаела ја има ќерката Пија.
Иако ДНК-тестот на кој инсистирал Балотели покажал дека тој е вистинскиот татко на малата Пија, тој сè уште не ја видел ќерка си, ниту, пак, ја признал, а поради тоа Рафаела решила да го тужи.
Рафаела, исто така, ги тужела и Франческа и Силвио Балотели поради клевета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


