| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со зголемен извоз за 20 проценти во првите девет месеци

industrija

Република Македонија и Унгарија оваа година, во услови на криза, за првите девет месеци имаат зголемување на трговската размена, која изнесува некаде околу половина милион долари. Македонија бележи и раст воопшто на извозот за посочениот перид од 20 проценти.

Ова го истакна министерот за економија, Ваљон Сарачини, на втората седница на Мешовитата македонско-унгарска меѓувладина комисија за економска соработка, што вчера се одржа во Скопје.

– Ова мора да се потенцира затоа што во услови на криза кога во земјите во регионот паѓа трговската размена, во РМ имаме навистина сериозно зголемување, не само со Унгарија. Извозот на РМ за првите девет месеци во 2013 година, за разлика од првите девет месеци во 2012, расте за некаде околу 20 проценти – изјави Сарачини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top