| четврток, 6 декември 2018 |

Лила чека бебе?

Синоќа познатата водителка позираше со малечко бебе во рацете. На фотографијата, Лила напиша: „Време е за бебе… или не?!“

Фотографијата очекувано доби многу коментари, меѓу кои најинтересен беше оној на нејзиниот пријател и колега, водителот Дамјан Дренковски.

„Уште малку… ама како клоца, тешко дека до мај ќе издржи да не излезе. Време беше“, напиша Дамајан.

Дали навистина е бремена сигурно ќе се дознае наскоро. Сепак, познавајќи ги нив двајца, или се работи за шега или пак бебето е некој нов телевизиски проект со Лила.

Водителката веќе има деветнаесетгодишен син, кој е прва година на Факултетот за туризам и менаџмент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top