| четврток, 6 декември 2018 |

T-мобиле Македонија овозможи пристап до 4Г

4g

Во прво време, мрежата 4Г ќе биде овозможена во поголемиот дел на Скопје (Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода) и Маврово. Во понатамошниот период, мрежата 4Г  постојано ќе се надградува за да биде достапна за сите наши корисници на територијата на Република Македонија.

Пристапот до 4Г зависи од поддршката на самите мобилни уреди, затоа 4Г ќе може да ја користат само оние корисници кои имаат апарати кои ја поддржуваат оваа мрежа. Исто така, корисниците кои имаат СИМ картички набавени пред 2009 година ќе треба да ги заменат со нови за да можат да го користат 4Г пристапот.

Листата на мобилни уреди кои поддржуваат 4Г е достапна на http://bit.ly/1apxCce.

За моделите на „Самсунг“ и „Епл“ се работи на посебна надградба на софтвер, со кој ќе се обезбеди пристап до мрежата на „T-мобиле“. Корисниците на овие модели ќе бидат накнадно известени за да извршат надградба на софтверот на своите мобилни уреди.

4Г мрежата ќе овозможи побрз и поквалитетен пренос на податоци преку мобилните уреди, како и услуги кои сегашната технологија не може да ги овозможи со доволно добар квалитет, како, на пример, телевизија (видео) со висока резолуција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top