| четврток, 6 декември 2018 |

Берахино веќе не игра за 850 фунти неделно

Талентираниот младински репрезентативец на Англија, Саидо Берахино, нема да игра веќе за скромни 850 фунти неделно откако потпиша нов три и полгодишен договор со Вест Бромвич Албион. Спортската јавност во Велика Британија беше фрапирана со податокот дека 20-годишниот фудбалер игра за таква мала сума во натпреварување какво што е Премиер-лигата. ВБА со новиот договор ја коригира сумата, па Берахино ќе заработува многу повеќе иако не е објавена висината на неговите примања во следните три и пол години.

Берахино го сврте вниманието кон себе со голот што му го даде на Манчестер јунајтед во тековното првенство на Англија, дебитираше и во селекцијата на гордиот Албион за играчи до 21 година, а експертите велат дека тој е еден од најталентираните фудбалери на островот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top