| четврток, 6 декември 2018 |

На 52 години – Лилјана Јакшиќ роди девојче

Српската актерка Лилјана Јакшиќ, на јавноста познатата по улогата на Савета од хумористичната серија „Курсаџиии“, вчера се породи. 52-годишната актерка на свет го донесе своето прво дете, ќерката Дарија долга 52 сантиметри и тешка 3 килограми и 450 грама.

Со оглед на нејзините години, бременоста беше ризична, но и Јакшиќ и бебето се во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.

Љилјана сама ќе го одгледува бебето затоа што таткото ја напуштил штом дознал дека таа е бремена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top