| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ ќе гради хотел на Копаоник

kopaonik

Семејството на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ планира да изгради хотел на Копаоник. Новиот хотел ќе треба да биде завршен кон крајот на следната година, објави Блиц.

Во исто време хотел на оваа планина треба да изгради и шеикот Мохамед бин Зајед. Весникот пишува и дека поради ова, арапската компанија Мубадала е заинтересирана за изградба на нова жичарница на Копаоник и за купување малцински дел од “Скијалишта Србија”.

Според Блиц, таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан купил една парцела на една од најатрактивните локации во Копаоник, во близина на Гранд Хотел. Хотелот ќе биде изграден на околу 1.000 квадратни метри. Во приземјето ќе има и голем ресторан Новак, а над него до 15 соби.

Неколку стотина метри подалеку, на местото на поранешниот хотел Југобанка завршено е чистење на теренот каде шеикот од Абу Даби, принцот Мохамед бин Зајед ал Најхан го гради својот нов хотел.

Како што е наведено, не е исклучено дека компанијата Мубадала да купи и некој од хотелите на Копаоник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top