Индицент во скопски хотел.
– На 14.10.2018 година околу 01.00 часот три непознати лица влегле во хотел во Скопје и од вработената и сопственикот побарале да им биде прикажана снимката од безбедносната камера, за да видат кое возило удрило во нивното возило, кое било паркирано пред хотелот и го напуштило местото. Сопственикот на хотелот на сопственикот на возилото му кажал дека нема можност во текот на ноќта да ги провери снимките и дека ќе мора тоа да го направи преку ден. Сопственикот на возилото се согласил, но едно од другите две лица извадило нож и се обидело да го нападне сопственикот на хотелот. Во намерата бил спречен од другите две лица, по што сите заедно заминале, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.