| четврток, 6 декември 2018 |

Рилкоски даде свечена заклетва во Собранието, вети ќе настојува политиката што помалку да влијае врз ДИК

Со заклетва пред  спикерот на Парламентот Трајко Вељановски, новиот шеф на ДИК го почна својот мандат, објави „Алфа“. Никола Рилкоски денеска во Собранието со свечена изјава се обврза, дека професионално ќе ја извршува својата функција, која во Македонија од секогаш се сметала за сензитивна и честопати предизвикувала кавги меѓу политичките опоненти.

Токму средувањето на ситуацијата со Избирачкиот список ќе биде негов најголем приоритет. А, прв тест ќе му бидат изборите за 4 четири месеци отсега. Независно дали само претседателски или и предвремени парламентарни.

Функцијата планира да ја преземе на почетокот од идната недела, а прво што ќе направи е да се запознае со останатите членови на ДИК, како и со стручната служба.
Рилкоски доаѓа на чело на ДИК на предлог на опозициската СДСМ, чиј пратеник беше во периодот 2006-2008 година. Верува дека ќе успее да се справи со предизвиците и, спротивно на неговите двајца претходници – Кондарко и Новаковски, до крај да го истера својот 4-годишен мандат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top